Print

БЕЛА НОЌ 2023

Во периодот од месец август до октомври се спроведоа низа активности со цел реализација на настан – изложба и промоција на проектот "Култура во кутија" / “Culture in a box” во рамки на фестивалот БЕЛА НОЌ. Овој проект опфати активностите кои се однесуваа на истражување и мапирање на накит и предмети од македонското културно наследство, интервјуа со колекционери на стари предмети, снимање и фотографија на накит и предмети во посебен формат наменет за презентација на културното наследство.

Главниот настан се одржа на 30ти септември во галерија КО-РА во Дом на културата "Кочо Рацин", каде успешно се презентираше идејата за дигитално изложување на накит и предмети од македонското културно наследство.
Во присуство на голем број посетители оваа изложбата предизвика голем интерес кај многубројната публиката и можности за идни соработки. 

Our domestic and foreign partners and supporters

Our Sponsors