Print

@ школски психолог

@школски психолог

Период на спроведување: април-декември 2020 година Скопје

Опис на активноста: Дизајнирање и креирање на веб апликација со цел да се овозможи непречена комуникација со училишниот психолог. Општа цел на овој проект е зајакнување на капацитетите на младите за поуспешно информирање и развивање на свесноста за важноста на менталното здравје и личниот раст и развој, како и нудење на психолошка поддршка во процесот на развивање на способности, вештини и ставови во процесот на средното образование.   

https://mojot-uchilishten-psiholog.herokuapp.com/

Print

ECALL PROJECT

Проектот Унапредување на писменоста и усвојување на странските јазици кај учениците од основното образование, преку развивање на знаења, вештини, ставови и вредности во рамки на воннаставните активности” има за цел и да ги поврзе потребните компетенции за јазична писменост и учење на други јазици во основните училишта, надградувајќи и дополнувајќи го учењето преку редовните наставни предмети со учење преку „животот на училиштето“ и воннаствните активности од овие области. Преку читање текстови со различна содржина и структура во училишните библиотеки, „клубови“, „училишни театри“ и други форми предложени од учениците, ќе се направи обид да се  развие писменоста и културата на читање и пишување, креативноста, љубопитноста и интересот за изучување на различни јазици, почитување на културна разноликост и интеркултурна комуникација.
Проектот е од програмата на Еразмус +, во реализација на Здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста Доминиум културно јадро од Скопје.
Партнери во проектот се: Градска библиотека Риека, од Р. Хрватска и основното училиште "Св. Кирил Константин Философ од Русе, Р. Бугарија.

Истражувањето се спроведува на територија на град Скопје.
Print

Развој на кариера

 

 

Програма за кариерно советување на млади невработени лица во рамки на проектот “Развој на кариера“

 

На основа на претходно идентификуваната потреба од развој и поддршка на капацитетите на младите луѓе за информирање за кариера, кариерен развој и зајакнување на личните вештини за подобро претставување   и промоција на сопствените вештини за работа, со што тие би станале активни чинители и би се интегрирале во општеството како и подигнување на свеста на сите релевантни чинители и пошироката јавност, проектот преку низа специфични активности, води кон постигнување на подолу определените цели.

Print

Училишта на 21 Век

 

Во периодот ноември – декември 2018 год. ЗГ Доминиум беше понудувач и реализатор на проектот „Училиште на 21 век“, кој беше организиран и поддржан од страна на Биро за развој на образование на Република Македонија.

Беа реализирани  75 обуки со наставници од средните училишта од Скопје, Куманово, Велес, Крива Паланка и Кратово.

Цел на проектот беше зајакнување на капацитетите на наставниците од средно образование за работа со ученците во дваесет и првиот век.

Print

Етно-методолошко истражување

 

Етно - методолошки работилници за студенти и двонеделно теренско етнографско истражување,  со антрополози кои стекнале магистерски титули на Универзитетот на Кембриџ и Универзитетскиот колеџ на Лондон под водство на проф-др. Илина Јакимовска, а по методологијата на “peer-to-peer“ учење, пренесоа дел од знаењето на студентите на Факултатот за етнологија и антропологија при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје

Our domestic and foreign partners and supporters

Our Sponsors