Print

Balance 60+

Во перидот мај-јули 2026г. ДОМИНИУМ КУЛТУРНО ЈАДРО ги реализираше активностите во
рамки на проектот „Баланс 60+“ во соработка со лекар, специјалист по гинекологија и
акушерство и две пензионерски здруженија на територијата на Град Скопје.
Проектот беше реализиран во соработка со неколку пензионерски друштва на територија
на Град Скопје.
Цел на проектот беше придонес за развој на вонинституционални модели на поддршка и
услуги, психо-социјална помош согласно критериумите на програмата за социјална
заштита на Град Скопје.
Се реализираа низа програмски активности од областа на здравствена едукација и
заштита на женско здравје, менталното здравје со примена на креативни вежби преку
методите на арт и музико терапија за сопствена рефлексија, емоционален баланс,
когнитивни вежби и когнитивна стимулација за превенција на Алцхајмеровата болест и
други форми на деменција кај стари лица, како и активности за социјализација и
мешусебно вмрежување.
Поаѓајќи од потребите на старите лица се изготви Програма за социјализација и
добросостојба на стари лица со активности прилагодени според капацитетите,
приоритетите и потребите на оваа група граѓани, со цел да се изнајдат нови форми и
добри практики преку соодветни активности и работилници, кои би биле применливи за
работа со оваа возрасна група граѓани ѝ во иднина.
ДОМИНИУМ КУЛТУРНО ЈАДРО веќе неколку години реализира проекти наменети за стари
лица и е пионер во областа која ја покрива оваа возрасна група, која е многу малку
покриена со активности за вмрежување, социјализација и негување на женското и
менталното здравје.
Во активностите се вклучија 72 пензионери.
Проектот е поддржан од Град Скопје.

Print

Active aging

Современите светски трендови во областа која се занимава со старите лица како социјална ранлива група, како и принципите на „активното стареење“ поаѓаат од сознанијата на теоријата на активност, според која добросостојбата на старите лица директно зависи од степенот на активност кој тие го пројавиваат. Овој концепт е поддржан и од Европската комисија и од страна на Светската здравствена организација, чии принципи се базираат на работа на задоволување на општата благосостојба на сите претставници во општеството, но особено на ранливите социјални групи. Овој проект има за цел да им обезбеди на старите лица (возрасна група на граѓани над 65 години) практична алатка за подобрување на нивната благосостојба и менталното здравје во време на пандемијата предизвикана од вирусот „Ковид-19“.

Причината за избор на оваа целна група е тоа што веруваме дека старите лица се социјална група која е на врвот на скалата на ризик на физичко, емоционално, психичко и социјално здравје и ресурсите за поддршка што ги имаат се најограничени во нашиот локален контекст.

Социјалниот контекст во кој живееме е полн со разни предизвици со кои се соочуваат сите возрасни категории на граѓани.

Print

„Нови пристапи во работа со штитеници сместени во дом за деца без родителска грижа II”

 Наслов на проектот: „Нови пристапи во работа со штитеници сместени во дом за деца без родителска грижа II” 

Период на спроведување: 2018 година   

 Целна група: Деца и млади                                                                                                                                                   

Oпис на активноста: Во перидот од  30.03.2018 год. до 20.06.2018 год, во  ЈУ Дом за деца без родителска грижа „11 Октомври“ претставници на ЗГ ДОМИНИУМ  ги реализираа активностите во рамки на проектот „Нови пристапи во работа со штитеници сместени во дом за деца без родителска грижа II”                                                                       

Координатор: Ана Попризова

Поддржано од: Град Скопје

Print

"Меѓуврсничко насилство"

Наслов на проектот: “Стоп за меѓуврсничкото насилство“               

Учесници во проектот: Претставници на стручни служби и обука на наставници во средни училишта на град Скопје  

Период на спроведување: 2015 година

Целна група: Деца и млади

Опис на активноста: Спроведени фокус групи и работна група за изработка на ‘општ концепт - протокол’ за делување во насока на спречување и справување со меѓуврсничкото насилство во средните училишта на територијата на град Скопје. Изработка на брошура и промоција.

Постигнат резултат: Изработен ‘општ концепт - протокол’ за делување во насока на спречување и справување со меѓуврсничкото насилство во средните училишта на територијата на град Скопје инкорпориран во училишните програми за работа. Изработена и дистрибуирана брошура „СТОП за меѓуврсничко насилство“.

Координатор: Ана Попризова

Поддржано од: Град Скопје

Our domestic and foreign partners and supporters

Our Sponsors