Print

Развој на кариера

 

 

Програма за кариерно советување на млади невработени лица во рамки на проектот “Развој на кариера“

 

На основа на претходно идентификуваната потреба од развој и поддршка на капацитетите на младите луѓе за информирање за кариера, кариерен развој и зајакнување на личните вештини за подобро претставување   и промоција на сопствените вештини за работа, со што тие би станале активни чинители и би се интегрирале во општеството како и подигнување на свеста на сите релевантни чинители и пошироката јавност, проектот преку низа специфични активности, води кон постигнување на подолу определените цели.

Општа цел на овој проект е зајакнување на капацитетите на младите за поуспешно вклучување и на пазарот на трудот.

Специфичната цел на овој проект е преку кариерно информирање и советување да се зајакнат капацитетите на младите од територија на Град Скопје и пилотирање на програма за кариерен развој која би можела да се користи во иднина со младата популација како модел со цел поуспешна социјалната интеграција и активно учество на пазарот на трудот.

Резултат од проектот се дизајнирана и спроведена пилот програма со активности за поттикнување и развој на личните капацитети и вештини за поуспешна партиципација на пазарот на трудот на младите корисници од територија на Град Скопје.

Проектните активности се реализираа во перидот од 01.06.2019 до 15.10.2019 год. во неколку фази и со различен тип на активности.

По завршувањето на подготвителната фаза на проектот „Развој на кариера“и спроведените активности за истражување на пазарот, анализа на постојните активности на полето на кариерен развој на млади и осмислување на соодветна методологија која би се приемнувала со цел подобар пристап до младите, беше изготвена Програма за кариерно советување на млади невработени лица на територијата на Град Скопје.

Врз основа на направена анализа на пазарот на трудот и постојните трендови кои постојат во оваа област се изготви Програма на активности со цел да се даде поддршка на младите во областите кои проценивме дека се најважни за нив, а можат да се реализираат во овој обем на програма. Исто така, како поддршка на обуките беше изготвена и брошура за секој учесник, која содржински ги следеше темите кои се планираше да се опфатат со обуките. Во прилог на овој извештај ќе биде доставен и овој краен продукт.

Беа реализирани 4 обуки во траење од по 6 часа секоја.

Реализатори на обуките беа координаторите и експертите кои беа ангажирани во проектот, со поддршка од страна на практикантите кои беа вклучени во тимот.

 фотографии