Етно-методолошко истражување
Етно - методолошки работилници за студенти и двонеделно теренско етнографско истражување, со антрополози кои стекнале магистерски титули на Универзитетот на Кембриџ и Универзитетскиот колеџ на Лондон под водство на проф-др. Илина Јакимовска, а по методологијата на “peer-to-peer“ учење, пренесоа дел од знаењето на студентите на Факултатот за етнологија и антропологија при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје
Наслов на проектот: "Антрополошка ‘brain-gain’ работилница на терен „Етно-методолошко истражување на нематеријалното културно наследство во Дебарско-реканскиот етнографски регион“
Период на имплементација: Скопје - Лазарополе, 2015
Поддржан од: Министерство за култура на Р.Македонија (проектот од областа за заштита на нематеријалното културно наследство)
Координатор: Марија Милошевска и Катарина Кречева
Целна група: Студенти од Факултатот за етнологија и антропологија при Универзитетот Св.Кирил и Методиј - Скопје
Опис на активноста: Спроведена методолошки работилници за студенти и двонеделно теренско етнографско истражување за време на кои антрополози кои стекнале магистерски титули на Универзитетот на Кембриџ и Универзитетскиот колеџ на Лондон под водство на проф-др. Илина Јакимовска, а по методологијата на “peer-to-peer“ учење, пренесоа дел од знаењето на студентите на Факултатот за етнологија и антропологија при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје
Постигнат резултат : Публикација „Солидарност и заедништво: една поинаква етнографија за Лазарополе“