Print

БЕЛА НОЌ 2023

Во периодот од месец август до октомври се спроведоа низа активности со цел реализација на настан – изложба и промоција на проектот "Култура во кутија" / “Culture in a box” во рамки на фестивалот БЕЛА НОЌ. Овој проект опфати активностите кои се однесуваа на истражување и мапирање на накит и предмети од македонското културно наследство, интервјуа со колекционери на стари предмети, снимање и фотографија на накит и предмети во посебен формат наменет за презентација на културното наследство.

Главниот настан се одржа на 30ти септември во галерија КО-РА во Дом на културата "Кочо Рацин", каде успешно се презентираше идејата за дигитално изложување на накит и предмети од македонското културно наследство.
Во присуство на голем број посетители оваа изложбата предизвика голем интерес кај многубројната публиката и можности за идни соработки. 

Print

The light of jewelry trough the centuries

Проектот “The light of jewelry trough the centuries или Светлината на накитот низ вековите” претставува пренесување/презентирање на предметите од минатото со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми, кои ја осветлуваат можноста за промоција и презентација на накитот низ вековите, развојот на креативните индустрии и новите (виртуелни) практики во музејската дејност.
Проектот од областа на музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за 2022 година во реализација на Здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста Доминиум културно јадро.
Отварањето ќе се одржи на 21ви октомври во НУ Музејот на Република Северна Македонија, со почеток во 12 часот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ.

Print

"Разоткривање"

 

“Разоткривање”/"Divulgence"

Уметникот Владимир Лалиќ, кој твори и живее во Белград, навлегува длабоко во човековата природа и таму ги открива најскриените својства, тајни и несовршености кои го претставуваат вистинското, грдо лице на современиот човек. Неговиот уникатен пристап кон цртањето му дозволува да креира различни, контемплативни дела и постојано да експериментира. Претставени во изложбата со навестувачки назив, „Разоткривање“, неговите најнови дела продолжуваат да ја истражуваат грешноста на душата и воведуваат нови елементи, како во смисла на изведбата, така и во смисла на формата.

Print

AUTOMATA

AUTOMATA е колекција на механички движечки играчки/објекти за деца (од 6-12 годишна возраст) кои претставуваат креативен начин за воведување во основите на инженерството, уметноста, скулптурата, механика и наука во образованието на децата преку комбинирање на игра, забавата и технологијата. Тие претставуваат скулптури кои раскажуваат приказни. Движењето на физичките направи (запчаници, осовини, тркала, лостови, жици) кога се вградени во анимирани скулптури се извор на чуда за децата како и за возрасните.

Print

KRISIS

Во рамките на меѓународниот проект „Кризи“, кој се оддржа во градот Нотингам, Велика Британија од 25 до 29 октомври 2016 година, свое претставување имаше и македонската уметница Марија Милошевска - претставник од здружението Доминиум културно јадро од Скопје.

Проектот е во организација на независната асоцијација за култура од Велика Британија  „Something Human“ во соработка со Bonington Gallery, Nottingham Trent University и Nottingham Contemporary.

Our domestic and foreign partners and supporters

Our Sponsors