Print

MWO #8 "Јас сум ...Скопје", 2015

MOVE WITH(OUT) # 8 Јас сум...Скопје,

10 Септември 2015

По Берлин, Лондон, Рим, Венеција, Белград, Сингапур и Будимпешта, на 10 септември  (четврток), номадскиот проект Something Human MOVE WITH (OUT) го посетува Скопје, со настан создаден во соработка со здружението за уметност Доминиум, со поддршка на Градот Скопје и Европската културна фондација STEP Beyond.

МОVE WITH (OUT) е патувачки проект кој ги истражува идеите за тоа што е „дом“. Земајќи го предвид се понестабилниот глобален економски пејсаж, изложбата и уметничката интервенција во живо, која е прилагодена на локацијата, ги истражува амбивалентните односи помеѓу внатрешноста и надворешноста кога станува збор за прашањата на идентитетот, границата и миграциите, припаѓањето и копнежот, и тензиите од навигација помеѓу различните сфери.

Во соработка со уметницата Марија Милошевска, која работи со филигран, MOVE WITH (OUT) - I'm...Skopje е перформанс во два дела кој се протега од постарата граница и крстосница на градот, северната страна на Камениот мост, пред да почне да се движи јужно, за да ја премине Старата чаршија и да стигне до галеријата Чифте Амам. Овој перформанс ги истражува врските помеѓу поединечните и колективните спомени за градот преку практиката на уметникот, за да се истражат комплексните врски помеѓу личните стории и историјата.

Чинот на интерпретација  го сопоставува разбирањето на себе си преку наративниот идентитет во фикција. Вака поставен, наративниот идентитет се изедначува со личниот идентитет на раскажувачкиот субјект позициониран во историјата. Тоа е всушност идентитетот кој произлегува од сопственото толкување (толкување на себството) по пат на нарација и приказна. Пол Рикер луцидно предупредува дека да се биде човек закопчан во историјата се случува пред тој да ја раскаже историјата. Закопчаноста во историјата е всушност предисторија на раскажаната историја.(Сенка Анастасова, Наративни идентитети, Скопје 2007)

Во првиот дел на „Јас сум...Скопје“, како модерна Аријадна, Марија Милошевска ќе го транспортира куферот на MOVE WITH (OUT) минувајќи ги седумте порти на градот, влечејќи зад себе жица за да создаде патека која ги поврзува местата со значајна историја на трговија и размена за градот, додека ги вклучува минувачите и жителите да запишуваат на нејзиното трико со боја на месо спомени за значајни години, како за Скопје, така и за нив самите. 

Додека чекори по овие главни улици во опинци, уметницата и нејзината ’кожа’ ќе станат емоционална мапа на Скопје, која ќе расте во текот на патеката собирајќи ја и одново пишувајќи го минатото и неодамнешната историја на градот, додека уметничките дела содржани во куферот ќе станат алатки за истражување, преку јавни разговори, на локалните резонанси поттикнати од овие меѓународни дела, инспирирани од идеи за транснационален идентитет.

Во вториот дел од перформансот уметницата, жицата и куферот ќе бидат претставени пред галеријата Чифте Амам, за да станат инсталација и финален перформанс во живо. Телото на уметницата, рамна површина/место/простор каде ’Скопје се изразило себеси’ со неговите желби, спомени, стравови, чувства, критицизам, ќе стане место на прочистување на историјата, нејзино пакување и доставување, додека таа се меша и со современите и со традиционалните звуци на Скопје, преку видео и звучна инсталација и употреба на валц машина (машина за исчукување жица). На тој начин оригиналната суштина, временска димензија и древно постоење на Старата чаршија се комбинира со размислувањето за градот на „Јас сум...Скопје“.

mwo-sponzori.jpg

 

https://soundcloud.com/marija-milosevska/skopje-move-without-10092015-1

https://something-human.org/2015/08/05/move-w-i-t-h-out-8-im-skopje/

http://www.radiomof.mk/patuvachkiot-proekt-move-with-out-doagja-vo-skopje/

https://www.mkd.mk/kultura/likovna-umetnost/umetnicata-marija-miloshevska-so-performans-kje-gi-istrazhuva-vrskite

https://www.youtube.com/watch?v=THGRgoS9nts&t=5s