Print

"Долу на фармата" од Данкан Хигинс, В. Британија

Данкан Хигинс е визуелен уметник позициониран во Шефилд, Обединето Кралство. Тој е професор по Убави Уметности на Универзитетот Берген во Норвешка и професор по визуелна уметност на Тренд Универзитетот во Нотингам, Англија. Истражува и креира во рамките на визуелните уметности, перформансот, видеото и филмот.

Неговиот богат животно-творечки опус содржи различни многубројни презентации низ најпознатите галериски простори како Kunstgarasjen- Bergen, Норвешка, Институтот за дизајн во Хонгконг, Архитектонскиот Истражувачки Центар при Универзитетот во Никозија, Уметничката Школа Во Глазгов, Bonington Gallery во Нотингам, како и многу други изложби меѓу кои и онаа во Националните галерии во Варшава, Прага, Јоханесбург итн. Данкан исто така ги претстави своите уметнички дела во Јужна Африка и прелиминарнава идејна изложба наречена “Долу на Фармата”  претставена во Соловки Архипелагот - Русија.

Down on the farm” (Долу на фармата) e неговиот неодамнешен проект и е интер-релациски сет на активности кој содржи преку 1227 слики, бројни цртежи, текстови, принтови, звук и видео. Овие елементи понатаму се пропратени со низа од перформанси, разговори, работилници, предавања и публикации.

Наслов на проектот: Изложба на слики и цртежи "Долу на фармата" од проф. Данкан Хигинс, В.Британија

Период на имплементација: Мај - Јули 2018, Музеј на Град Скопје

Поддржан од: Град Скопје

Координатор: Марија Милошевска

Партнери: Дирекција за култура и уметност - Скопско лето, Музеј на Град Скопје, Нотингем Трент Универзитет, Блок проекти Шефилд, М. К. Чиурлионис Национален музеј на уметноста Литванија и Музеј на уметноста Миколас Зилинскас

 

Photos

dtf
down on the farm